Top Sport

„Ширер и Анри се најдобри напаѓачи во историјата на Премиерлигата“

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Реал, Њукасл, Манчестер Јунајтед и Сотук Мајкл Овен одбрал тројца најдобри напаѓачи ви историјата на Премиерлигата.

„Би рекол дека најдобрите двајца се Тиери Анри и Алан Ширер. А потоа, кога станува збор за квалитетот доаѓа фудбалерот кого со уживање го гледав, мислам дека Луис Суарез во Ливерпул беше од друга планета“, рекол Овен за Би-би-си Радио 5.

„Суарез е во мојот Топ 3 на напаѓачи, но мислам дека Ширер и Анри се над сите останати“.

Ако се гледа само статистиката таа е во прилог на Ширер, кој со 260 голови е најдобар стрелец во историјата на Премиерлигата. Анри во кариерата постигнал 175 гола во Премиерлигата. Луис Суарез во Премиерлигата одиграл 133 натпревари и постигнал 83 голови.

Scroll to Top