Македонскиот шампион Шкендија ги дозна потенцијалните противници во баражот за пласман во натпреварите по групи во ЛШ, секако, доколку успее да го мине австрискиот шампион Ред бул Салцбург.
Противниците во баражот секако не се посилни од Ред бул, бидејќи на подобриот од тој дуел „оди“ српската Црвена звезда или словачкото изненадување Спартак Трнава.
Во другите поинтересни делови од ждрепката, Динамо Загреб има „отворен пат“ до натпреварите по групи бидејќи го доби швајцарскиот Јанг Бојс доколку успее да го мине казахстанскиот Астана, додека најтесно ќе биде во потенцијалната пресметката на Бенфика или Фенербахче со грчкиот шампион ПАОК или со Спартак Москва. Исто така Ајакс, ако го мине белгискиот Стандард налетува на Динамо Киев или Славија Прага.
БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН ВО ЛШ
Црвена звезда (Срб)/Спартак Трнава (Свк) – Салцбург (Авт)/Шкендија (Мак)
Карабаг (Азе)/БАТЕ Борисов (Блр) – ПСВ Ајндховен (Хол)
Јанг Бојс (Шва) – Астана (Каз)/Динамо Загреб (Хрв)
Малме (Шве)/Види (Унг) – Селтик (Шко)/АЕК (Грц)
Бенфика (Пор)/Фенербахче (Тур) – ПАОК (Грц)/Спартак Москва (Рус)
Стандард Лиеж (Бел)/Ајакс (Хол) – Славија Прага (Чеш)/Динамо Киев (Укр)
CONFIRMED: #UCL play-off draw ✅
Who will qualify? ? pic.twitter.com/XrSC3ySqla
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) August 6, 2018
Фото: ЕПА