Македонскиот прволигаш Шкендија комплетираше уште едно големо засилување за следната сезона. Нов фудбалер на тетовскиот тим е напаѓачот од Бразил, Вагнер Гонсалвеш.
Тој има 26 години, во Шкендија доаѓа од грузискиот тим Дила Гори, а во кариерата играл и за украинскиот Днипро.
„Возбуден сум што ќе играм за Шкендија. Мислам дека Шкендија ќе има силен тим и драго ми е што и јас сум дел од него. Се надевам дека сите заедно ќе постигнеме успеси со кои ќе ги израдуваме нашите фанови“, изјави Вагнер на промоцијата.
Претходно, Шкендија го претстави и Јан Вондра, левиот бек кој доаѓа од Чешка.