Судува од Летонија, ЦФР Клуж од Романија, Номе Калју од Естонија, Арарат од Ерменија и Ференцварош од Унгарија се потенцијалните противници на македонскиот шампион Шкендија во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите пред утрешната ждрепка.
Шкендија е носител во првата група пред ждрепката заедно со Астана, Лудогорец, Црвена звезда и АИК Стокхолм, тимови со кои не може да се падне.
Ждрепката за паровите ќе се оддржи утре во Нион, Швајцарија, додека мечевите се играат на 9 и 10 јули, а реваншите на 16 и 17 јули.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛШ
ГРУПА 1
Носители: Астана (Каз), Лудогорец (Буг), Црвена звезда (Срб), Шкендија (Мкд), АИК Стокхолм (Шве)
Неносители: Судува (Лет), ЦФР Клуж (Ром), Ференцварош (Унг), Номе Калју (Ест), Арарат-Ерменија (Ерм)
ГРУПА 2
Носители: Селтик (Шко) , Карабаг (Азе), Дуделанж (Лук), Шериф Тираспол (Мол), Слован Братислава (Свк)
Неносители: Валета (Мал), Сараево (БиХ), Сутјеска (ЦГо), Партизани (Алб), Сабуртало (Гру)
ГРУПА 3
Носители: БАТЕ Борисов (Блр), Марибор (Сло), Розенборг (Нор), ХЈК Хелсинки (Фин), Дандалк (Ирс), Њу Сеинтс (Вел)
Неносители (победници во прелиминарната рунда): Пјас т Гливице (Пол), Валур (Исл), Линфилд (Ирс), Торсхавн (Фар), Рига (Лет).
Фото: ФК Шкендија