Top Sport

Шкендија го доведе Ералд Чинари

Македонскиот прволигаш Шкендија доведе уште едно квалитетно засилување за вториот дел од сезоната. Тетовскиот клуб го промовираше крилниот напаѓач Ералд Чинари. Албанскиот интернационалец доаѓа од турскиот клуб Самсунспор.

Чинари потпиша договор на 1,5 година и треба да донесе дополнителен квалитет во тимот на Ќатип Османи.

Шкендија претходно доведе уште четворица нови фудбалери, Максимов, Ќака, Мујезиновиќ и Милев.

Scroll to Top