Top Sport

Шкендија го победи Петролул во дебито на тренерот Нухиу

Фудбалерите на Шкендија со 3:2 го победија романскиот тим Петролул на пријателскиот натпревар во Словенија. Новиот тренер Ардијан Нухиу дебитираше со триумф на клупата на македонскиот прволигаш.

Чинари во четвртата минута донесе водство, а Петролул израмни две минути подоцна преку Будеску. Шкендија вторпат поведе во 17.минута со голот на Милев, но Будеску израмни на 2:2 во 32.минута.

Ералдо Чинари во 35.минута постигна прекрасен гол од слободен удар, што на крајот се покажа и како победнички погодок.

Scroll to Top