Top Sport

Трапановски со два гола донесе победа за Шкупи на првиот тест во Турција

Македонскиот прволигаш Шкупи со победа ги отвори пријателските натпревари во текот на летните подготовки. Тимот од Чаир попладнево во Болу (Турција) го победи романскиот тим Херманштад со 2:1.

Двоен стрелец за Шкупи на овој натпревар беше Кристијан Трапановски.

Следниот пријателски меч Шкупи ќе го игра против Егнатија (Албанија) на 26 јуни.

Scroll to Top