Top Sport

Шкендија и Академија Пандев со реми, Шкупи сега има 10 поени предност

Шкупи успеа да дојде на +10 поени пред ривалите за македонската титула, откако успеа да го скрши отпорот на Тиквеш за 3:2 победа, користејќи го ремито без голови меѓу Шкендија и Академија Пандев во Тетово.

Бразилецот Кевен ги донесе Шкупи во водство во 41. минута, пред Адетунџи во 57. минута од пенал да зголеми на 2:0. Меѓутоа, Тиквеш врати еден гол преку Стојков во 77. минута, пред Адетунџи со вториот гол да ја врати предноста од два гола. Камерунецот Анаел Нгоба намали на 3:2 во 88. минута, но до крајот немаше време за реми.

По 21 кола Шкупи има 51 поени, десет пред Шкендија и 12 поени пред Академија Пандев на третото место.

ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО

Шкендија – Академија Пандев 0:0

Шкупи – Тиквеш 3:2

Борец – Струга 0:1

Скопје – Работнички 0:1

Пелистер – Ренова, одложено

Фото: ФК Шкендија

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top