Top Sport

Тинејџерот Пино со четири гола за 53 минути, Вилјареал го „прегази“ Еспањол

19-годишниот Јереми Пино постигна четири гола, вклучувајќи хет-трик во првото полувреме, за Вилјареал да стигне до импресивна 5:1 победа над Еспањол.

Пино стрелаше во 14., 20. и 45. минута за неверојатен хет-трик во првото полувреме, како најмлад фудбалер кому му успеало ова во историјата на шпанската Ла лига, пред во 53. минута да го постигне и својот четврти гол во неверојатен меч. Кеиди Баре во 65. минута од мечот намали на 4:1, пред Булаје Диа во 86. минута да ги постави конечните 5:1.

Вилјареал се на петтото место во Ла лига со 42 поени, три зад Атлетико Мадрид, додека Еспањол се на 13. место со 29 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top