Top Sport

Шкендија казнета со четири меча неиграње во Тетово поради инцидентите со Шкупи

Фудбалскиот клуб Шкендија доби забрана за играње четири натпревари на Градскиот стадион во Тетово и ќе мора да биде домаќин најмалку 100 километри подалеку, како казна за лошата организација на натпреварот против Шкупи во претпоследното коло од завршеното првенство на Македонија.

Дополнително, Шкендија е казнета и парично, со 5.000 евра во денарска противвредност.

Дисциплинската комисија на ФФМ ја донесе оваа одлука откако претходно Натпреварувачката комисија го суспендираше стадионот во Тетово за настапите на Шкендија.

Со оглед дека првенството е завршено, суспензијата на Шкендија се префрлува на првите четири натпревари од следната натпреварувачка сезона, 2022/23.

Scroll to Top