Top Sport

Старата љубов не се заборава – Дончиќ мораше да дознае дали Реал се во финалето

Иако веќе одамна Далас маверикс се неговиот клуб, Лука Дончиќ очигледно не може да живее без Реал Мадрид. Словенечката НБА ѕвезда го „направи“ своето име во „кралскиот“ клуб и очигледно ќе остане Мадридиста засекогаш, откако по крајот на тренингот со Маверикс, решил да остане во арената за да може на својот лаптоп да го следи полуфиналето во Евролигата, во кое Реал ја прекина низата порази од лутиот ривал Барселона за да закаже финале против Анадолу Ефес во Белград.

Дончиќ повеќе сака Реал да го освои Купот отколку тој да добие МВП награда

Scroll to Top