Унгарија не успеа уште денеска да се квалификува на Европското првенство во 2020 година, но остана непоразена откако со пенал во последната секунда стигна до 23:23 реми против мотивираните Руси.

Унгарците пред три дена стигнаа до важна победа на гости кај Русите, но овојпат „зборнаја“ почна многу подобри и имаше предност од четири гола на полувремето, пред да ја загуби оваа предност во драматичниот финиш на мечот. Ракометарите на Вардар, Дибиров и Калараш беа најефикасни за Русите со постигнати шест гола, додека Лекаи имаше исто толку за домаќините.

Во нашата група, Турција и вторпат ја совлада Грција, овојпат на домашен терен со 26:23 (12:9), за да се израмнат со Македонија и Исланд со по четири поени пред вечерашниот дуел во Скопје.

ЕП 2020, КВАЛИФИКАЦИИ, 4.КОЛО

ГРУПА 2

Швајцарија – Белгија 36:22 (16:11)

Хрватска – Србија 20.30 ч.

Табела: 1.Швајцарија 6, 2.Хрватска 5, 3.Србија 2, 4.Белгија 1

ГРУПА 3

Турција – Грција 26:23 (12:9)

Македонија – Исланд 20.00 ч.

Табела: 1.Македонија 4, 2.Исланд 4, 3.Турција 4, 4.Грција 2

ГРУПА 4

Летонија – Естонија 30:24 (17:12)

Словенија – Холандија 30:23 (16:11)

Табела: 1.Словенија 8, 2.Летонија 6, 3.Холандија 2, 4.Естонија 0

ГРУПА 5

Белорусија – Чешка 24:26 (12:13)

Босна и Херцеговина – Финска 31:19 (16:10)

Табела: 1.БиХ 6, 2.Чешка 6, 3.Белорусија 4, 4.Финска 0

ГРУПА 6

Литванија – Романија 24:23 (12:11)

Франција – Португалија 33:24 (16:15)

Табела: 1.Франција 6, 1.Португалија 6, 3.Романија 2, 4.Литванија 2

ГРУПА 7    

Унгарија – Русија 23:23 (11:15)

Словачка – Италија 23:26 (11:12)

Табела: 1.Унгарија 7, 2.Русија 5, 3.Италија 4, 4.Словачка 0