Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија отпатува во Анталија, каде ќе го реализира централниот дел од подготовките.
Шкендија во Анталија ќе одигра четири пријателски натпревари. На 28 јануари е дуелот против Мура, три дена подоцна ќе се сретне со ЦСКА 1948, за 6. февруари е закажан мечот против Динамо Киев, а тестовите ќе бидат заокружени со мечот против Валмиера на 9. февруари.