Top Sport

Шкендија отпатува на подготовки во Анталија (ФОТО)

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија отпатува во Анталија, каде ќе го реализира централниот дел од подготовките.

Шкендија во Анталија ќе одигра четири пријателски натпревари. На 28 јануари е дуелот против Мура, три дена подоцна ќе се сретне со ЦСКА 1948, за 6. февруари е закажан мечот против Динамо Киев, а тестовите ќе бидат заокружени со мечот против Валмиера на 9. февруари.

Scroll to Top