Шкендија е на добар пат да ја обезбеди двојната титула во Македонија, откако во вториот натпревар од Купот на Македонија со 2:0 го совлада градскиот ривал Ренова за да се пласира во финалето.
Откако првиот меч заврши 1:1, Ренова успеа да остане на „позитивна“ нула и да има 0:0 резултат (кој ја водеше до финалето) во првото полувреме.
Сепак, тогаш својот квалитет го покажа Бесарт Ибраими, кој со два гола во 48. и 61. минута (вториот од пенал) им донесе на „црвено-црните“ предност која беше доволна за пласман во финалето. Инаку ова е втор дуел меѓу двете екипи за неколку дена, откако во саботата Шкендија со 5:0 ја „прегази“ Ренова во меч од Првата лига.
Шкендија e убедлив лидер во националниот шампионат, така што двојната титула е реалност за клубот од Тетово. Во второто полуфинале во Струмица играат Академија Пандев и Пелистер, а битолчани, инаку актуелни куп-победници, имаат 2:1 предност од првиот натпревар.
Фото: ФК Шкендија