Попладнево во рамките на третото коло во Првата лига се одиграа два натпревари Шкендија како гостин ја победи Македонија, додека Ренова триумфираше над Академија Пандев.
Шкендија со гол од пенал го однесе бодовите од Ѓорче Петров. Стрелец на голот беше Бесарт Ибраими во 86 минута.
Ренова со два гола на почетокот и во финишот на мечот запиша победа над Акедемија Пандев. Селмани го постигна првиот гол во четвртата минута, а конечните 2:0 ги постави Јашаровски во последната минута. Академија Пандев по три кола е без освоен бод и постигнат гол.
Третото коло ќе биде комплетирано утре со дуелите Вардар-Силекс, Пелистер-Работнички и Струга-Борец. Натпреварите ќе започнат во 17 часот.