Top Sport

Шкендија потпиша со еден од најдобрите фудбалери во косовското првенство

Македонскиот прволигаш Шкендија ангажираше уште едно квалитетно засилување. Тоа е 28-годишниот офанзивен играч за врска, Ендрит Красниќи, кој доаѓа од косовскиот тим Приштина.

Красниќи важи за еден од најдобрите играчи во првенството на Косово, а со Шкендија потпиша договор на две години.

„Шкендија е клуб за кој и не треба многу да се зборува. Се надевам дека ќе имаме одлична сезона и ќе постигнеме успеси“, изјави Красниќи.

Шкендија претходно се засили со уште три нови фудбалери Мевљан Адили, Ардиан Лимани и Зија Мерџани.

Scroll to Top