Македонскиот прволигаш Шкендија во зимскиот преооден рок ја раскинува соработката со дефанзивецот Меџит Незири. Тој нема да биде дел од тетовскиот тим во вториот дел од сезоната.
„Шкендија ја користи оваа можност да му се заблагодари на Незири за неговиот придонес во црвено-црниот дрес овие години, и му посакуваме здравје и се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на клубот.
Незири беше дел од Шкендија седум сезони во кои одигра 155 натпревари и освои две титули. Покрај Шкендија, тој во кариерата беше дел и од Ренова, а во странство настапуваше за Дачија и за Вентспилс.