Шкендија го потврди ангажирањето на нигерискиот дефанзивец Алма Або Вакили од литванскиот Тракаи.
21-годишниот Вакили ги импресионирал луѓето од тетовскиот клуб во мечот од квалификациите за Лигата на Европа против Тракаи минатото лето, по што 21-годишниот Вакили треба да го засили левото крило на Шкендија.
Поради проблемите со визата, Нигериецот нема да се приклучи на тимот на подготовките во Анталија, и ќе тренира со јуниорскиот тим во Тетово.