Шкендија успеа да се врати од 0:2 негатива и да стигне до 2:2 реми на гостувањето кај Шкупи во најинтересниот меч при рестартот на Првата лига, додека Силекс се „загреа“ за квалификациите за ЛШ со 6:0 победа над Беласица.
Пелистер пак, одбележувањето на враќањето во елитата, го прослави со 1:0 победа над Академија Пандев, Силекс се загреа за европскиот предизвик против Карабаг со 4:0 победа во Струмица над вториот нов прволигаш, Беласица, додека Македонија Ѓорче Петров во градското дерби со Работнички стигнаа до победа од 2:1 во последните минути од мечот.
Гамбиецот Дембо Дарбо во четвртата минута и во 44. минута донесе 2:0 водство за Шкупи, пред Шкендија да се „разбуди“ во второто полувреме – Љупче Дориев во 60. минута намали на 2:1, пред Ваљон Ахмеди шест минути подоцна да израмни на 2:2.
Анес Хот со одличен гол им донесе импресивна 1:0 победа на Пелистер при камбекот во Првата лига, додека Силекс доминираше против Беласица за 6:0 победа со двата гола на Денис Ристов.
ПРВА ЛИГА, 1.КОЛО
Беласица – Силекс 0:6
Македонија Ѓорче Петров – Работнички 2:1
Пелистер – Академија Пандев 1:0
Ренова – Струга Трим Љум 0:0
Шкупи – Шкендија 2:2
ВЧЕРА
Вардар – Борец Велес 0:1
Фото: ФК Шкендија