Top Sport

Шкотска на пенали ја исфрли Србија, првпат на големо натпреварување од 1998!

Репрезентацијата на Шкотска се пласираше на првото големо фудбалско натпреварување во последните 22 години, откако во драматични околности на „Рајко Митиќ“ во Белград, успеа да ја совлада Србија на пенали со 5:4, откако Србите прво се спасуваа од пораз во регуларните 90 минути.

Трагичар на мечот беше напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ, чиј удар во петтата серија го одбрани голманот Дерби Маршал, откако претходно сите беа прецизни.

Шкотланѓаните беа блиску до победата откако Рајан Кристи во 52. минута ги донесе во водство гостите, но Србите успеаја да се спасат од пораз во 90-тата минута со голот на Лука Јовиќ.

Драматично беше и во Белфаст, каде што Северна Ирска, на крајот на успеа да се квалификува, губејќи со 1:2 од Словачка по продолженијата. Ветеранот Јурај Куцка им донесе водство уште во 17. минута од мечот, но Милан Шкринијар во 88. минута си постигна автогол за 1:1. Михал Ѓуриш им донесе ЕП на Словаците со голот во 110. минута.

Scroll to Top