Top Sport

Шкотска преку Украина на чекор од влез во Лига А!

Шкотска со 3:0 ја совлада Украина на „Хемпден парк“ за да дојде на чекор од промоција во елитната Лига А во Лигата на нации на УЕФА, искачувајќи се на првото место на табелата во групата 2.

Џон Мекгин во 70. минута, по 14 неуспешни обиди на украинскиот гол, го отвори резултатот со својот четврти гол ова сезона во Лигата на нации, пред Линдон Дајкс во 80. и 87. минута да ја потврди победата на Шкотланѓаните.

Шкотланѓаните сега во сабота ја пречекуваат репрезентацијата на Република Ирска, пред да гостуваат на Украина (во Полска) на 27 септември, додека Украинците во следниот меч играат со Ерменија, каде што ќе мора да победат ако сакаат да ги заддржат шансите за пласман во Лига А.

Standings provided by SofaScore

Scroll to Top