Жозе Мурињо и Сер Алекс Фергусон го убедувале Скот Мектоминеј да ја избере Шкотска наместо Англија, вели дедото на играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед.
Мектоминеј имаше шанса да заигра за англиската репрезентација, меѓутоа тој реши да одговори на повикот на новиот шкотски селектор, Алекс Меклиш.
Неговиот дедо, Френк Мектоминеј, преку кого фудбалерот може да игра за Шкотска, тврди дека сегашниот менаџер на Јунајтед, Мурињо и легендата на клубот, Сер Алекс Фергусон (исто така Шкот) биле одлучувачки.
„Алекс Меклиш добро ја одигра својата партија. За ова се зборуваше два-три месеци, но тој не излезе во медиумите и зборуваше директно со Скот. Но, Сер Алекс Фергусон беше отворен за тоа дека Скот треба да игра за Шкотска. Исто така и Жозе Мурињо, кој му даваше такви совите последните месеци. Сер Алекс беше навистина добар за Скот во неговата кариера – тој му го даде првиот договор со Јунајтед на 16 години пред да се повлече и осигура тој да биде продолжен кога наполни 18 години“, вели Френк Мектоминеј за шкотскиот весник „Нешнл“.
Check out Jose Mourinho’s reaction when Sir Alex Ferguson tells him to pick Scott McTominay more often. Brilliant. ? #mufc [reddit] pic.twitter.com/r0fTuSgG7K
— United Xtra (@utdxtra) February 6, 2018