Top Sport

Шкриниар пред потпис на нов договор со Интер

Италијанскиот вицешампион Интер е блиску до нов договор со словачкиот централен дефанзивец Милан Шкриниар. Столбот во одбраната на миланскиот гигант е подготвен конечно да ги прекине дилемите за трансфер во ПСЖ и да остане во Милано, пишува „Газета дело Спорт“.

Дефанзивецот договори годишна плата од 9 милиони евра по сезона со парижаните минатото лето, но „нероаѕурите“ одбија да го продадат за помалку од 70 милиони евра. Сето ова со оглед дека неговиот договор е само до јуни 2023 година.

Средбата меѓу директорите на Интер и агентот на Шкриниар се одржа оваа недела, непосредно пред тимот да ја победи Болоња со 6:1.

Новиот договор меѓу Шкриниар и Интер треба да биде официјализиран до крајот на месецот, а најверојатно ќе трае до 2027 година.

Scroll to Top