Top Sport

Крај на неверојатната гренд слем серија на Лопез и Сепи

Фелисијано Лопез и Андреас Сепи, двајцата ветерани на АТП турнејата, ја завршија својата неверојатна серија на настапи на гренд слем турнирите, откако беа елиминирани од квалификациите за Ролан Гарос.

Лопез е носител на рекордот од 79 последователни настапи на гренд слем турнирите, почнувајќи од Ролан Гарос во 2002 година, собирајќи 98-80 скор и три четврт-финалиња на Вимблдон. Тој загуби од 166-рангираниот Џан Марко Морони со 6:1/7:6(4) во вторникот во Париз.

40-гоишниот Лопез може да се израмни со Роџер Федерер доколку успее да се квалификува на неговиот омилен Вимблдон, бидејќи има 80 настапи на гренд слем турнирите, еден помалку од Швајцарецот. Апсолутен рекордер е Венус Вилијамс со 90 настапи.

Вчера пак, италијанскиот ветеран Сепи загуби од сонародникот Џулијано Цепијери со 6:3/6:4, за да заврши неговата серија од 66 последователни настапи на гренд слем турнирите (од Вимблдон 2005) .

Scroll to Top