Top Sport

Шкупи го „торпедираше“ Работнички, Струга со седма победа во низа

Во првиот меч по враќањето на Гоце Седлоски на клупата, шампионот Шкупи стигна до доминантна 5:0 победа над Работнички во скопското дерби, додека лидерот Струга на Срѓан Захариевски ја продолжи победничката низа со 3:0 победа над Скопје и сега имаат седум победи во првите седум кола.

Гаги Маргвелашвили го отвори резултатот уште во петтата минута, а текот на мечот беше одлучен само четири минути подоцна Фати Исмаили доби црвен картон, оставајќи ги гостите со играч помалку. Шкупи го искористи ова и Реналдо Кефас во 28. минута зголеми на 2:0, Пепи Георгиев десет минути подоцна осигура 3:0 водство, за Кевен во 40. минута да обезеди 4:0 водство на полувреме. Фреди Алварез во 78. минута ја комплетираше „петардата“.

Во Струга пак, Малески (33.), Ибраими (52.) и Шабани (71.) донесоа нови три поени за домаќините против Скопје, за сега да имаат 21 поен на врвот на табелата, седум пред Силекс, 10 пред Шкендија и 11 пред Шкупи по седум меча. Шкендија и Шкупи имаат еден меч помалку.

ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО
Победа – Брегалница 1:0
Шкупи – Работнички 5:0
Струга – Скопје 3:0
Тиквеш – Академија Пандев 2:1

Фото: ФК Шкупи

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top