Македонскиот фудбал, уште во првата квалификациска рунда, остана без два од трите претставници во Лига Европа. Шкупи и Работнички во два натпревари не успеаја да ги минат Глазгов Ренџерс, односно Хонвед.
Шкупи, првиот меч во Глазгов, го загуби од славниот шкотски тим со 2:0, а во реваншот во Скопје успеа да одигра натпревар без голови.
Чаирчани, малу повеќе го имаа поседот на топката, имаа неколку полу-шанси и зицер во претпоследната минута, но Муарем не успеа да го совлада Мекгрегор.
Работнички со предност од 2:1 отпатува во Будимпешта, на реваншот со Хонвед, а од Унгарија се враќа со четири гола во мрежата на Божновски.
„Романтичарите“ натпреварот го загубија во раната фаза, кога Холендер во шестата и 16.минута постигна два гола.
Во вториот дел Херера направи прекршок за пенал и доби црвен картон. Пеналот во 63.минута го реализираше Данило, а истиот игра, 20 минути подоцна, го постави конечниот резултат.