Додека повеќето фаворити немаа проблем да го минат првото коло од Купот на Македонија, прволигашите Шкупи и Ренова доживеаја шокантни порази од второлигаши.
Шкупи загуби со 2:0 на гостувањето во Пехчево кај Кит-Го, додека Ренова имаше мака на гостувањето во Кавадарци, каде што Тиквеш ја елиминираше со 2:1.
Вардар немаше мака на гостувањето кај „имењакот“ Вардар од Форино, победувајќи со 0:4, Силекс со 7:0 го победи Влазними, додека Брегалница со високи 8:0 славеше кај нисколигашот Поешево.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/32 ФИНАЛЕ
Влазними – Силекс 0:7
Кораб – Борец 1:0
Фортуна Скопје – Работнички 0:6
Кит-Го Пехчево – Шкупи 2:0
Лабуништа – Академија Пандев 1:3
Неготино – Скопје 1:3
Осогово – Пелистер 0:1
Поешево – Брегалница 0:8
Превалец – Македонија ЃП 0:2
Тетекс – Гостивар 1:1, пенали 3:4
Тиквеш – Ренова 2:1
Вардар Форино – Вардар 0:4
Влазерими – Беласица 0:4
Фото: ФК Шкупи