Top Sport

Шкупи и Струга не веруваат во тестовите на Систина, ќе се тестираат во Државната болница

Фудбалските клубови Шкупи и Струга Трим Лум одбиле нивните членови да бидат дел од тестирањата на коронавирусот што ги организира Синдикатот на фудбалери на Македонија (СФМ). Денес во тренинг центарот на Вардар беа тестирани членовите на црвено-црните.

Синдикатот на фудбалери на Македонија во соработка со Аџибадем Систина организираа групно тестирање на поголемиот дел од клубовите.

ФК Шкупи и ФК Струга не верувале во тестовите на Ковид-19 што ги прави Систина поради што го одбиле тестирањето, соопштија дека нивните членови ќе се тестирале во државните болници.

„Да потсетиме дека веќе неколку дена целиот тим е во карантин во просториите на нашиот клуб, сместени во нивните простории, додека пред и после секој тренинг ја мериме нивната телесна температура, во исто време сите се хранат во клупскиот ресторан. Значи, сè е под контрола.

Ние сме должни да ве известиме дека пред неколку недели направивме неколку тестови за Ковид-19 на некои фудбалери кои се покажаа како негативни. Во координација сме  со Институтот за заразни болести за секоја активност што ја преземаме.

Ние како клуб не прифативме да ги направиме тестовите во болницата Аџибадем Систина, бидејќи тие не се прифатени од релевантните институции, побаравме да бидеме тестирани во Државната болница на Република Македонија. Чекаме да ни закажат термин за тестовите“, се вели во дел од соопштението кое ФК Шкупи го објави на својата интернет страница.

Вчера по извршените тестови СФМ објави дека има вкупно шестмина позитивни во два клуба, Ренова и Шкендија.

фото/fcshkupi.com

Scroll to Top