Фудбалерите на Шкупи последни изборија пласман во полуфиналето, во Купот на Македонија. Шкупи во тренинг центарот на ФФМ го победи Работнички со 0:1 (0:1).
Натпреварот требаше да се одигра вчера, но поради лошата состојба на теренот во Маџари, натпреварот се одигра попладнево.
Лидерот на табелата во првенството, победи со голот на Младеновски, постигнат во 15.минута.
Вчера, пласман во полуфиналето изборија бранителот на трофејот Македонија ЃП, Тиквеш и Воска спорт.
Foto/facebook.com/fcshkupi1927