Top Sport

Шкупи ја засили одбраната со Словакот Михал Пинтер

Македонскиот прволигаш Шкупи го доведе второто засилување во летниот преоден рок. По ангажманот на Арби Воша, нов играч на Шкупи е словачкиот интернационалец Михал Пинтер, кој треба да донесе нов квалитет во одбраната.

Михал Пинтер потпиша двегодишен договор со Шкупи.

„Многу сум среќен за можноста што ми се укажа да бидам дел од тимот на Шкупи. Се надевам дека ќе можам да му помогнам на тимот на најдобар начин. Едвај чекам да почнам со првите тренинзи“, изјави Словакот Пинтер за официјалниот сајт на Шкупи.

Scroll to Top