Top Sport

Кокинакис полуде: Сакаш ли да мо*ам на теренот?

Австралискиот тенисер Танаси Кокинакис загуби во третото коло на Ролан Гарос од Русинот Карен Хачанов. Беше 6:4, 6:1, 3:6, 7:6, а вистинската драма се одвиваше откако Кокинакис го загуби вториот сет.

Австралиецот побара од судијката да му дозволи да оди во тоалет, но таа не му дозволи бидејќи веќе еднаш го напуштил теренот.

Тенисерите во натпревари од пет сета имаат право да бараат двапати да одат во тоалет, но не можат да го користат во првите два сета.

Кокинакис многу го изнервира ова и влезе во конфликт со судијката Катаржина Радван-Чо.

„Не знаев за тоа правило. Имам само 50 секунди? Можеш ли да бидеш реална и еднаш да ми дадеш нешто човечки? Два тајмаути на мечот… Сакаш да мочам на теренот? Тоа е она што сакаш? Што сакаш?”, викна Австралиецот.

На крајот Кокинакис успеа да го освои третиот сет, но не и четвртиот, па Хачанов победи со 3:1 и го доби осминафиналето на дуелот со Лоренцо Сонега. По мечот, Кокинакис на Твитер со една пцовка коментираше за се.

Scroll to Top