Top Sport

Шкупи со победа над Пелистер на првото место на табелата

Шкупи со тесна и драматична 1:0 победа над Пелистер во Чаир успеа да се искачи на првото место на табелата во Првата лига со 10 поени пред Силекс и Шкендија со седум.

Шкупи влегоа како фаворити во дуелот со битолчани, меѓутоа заморот од долгиот пат до Азербејџан, каде што беа елиминирани од Нефчи во драматичен меч со 2:1, го направи своето. Човек на одлука беше Гамбиецот Дембо Дарбо во 88. минута.

Пелистер останува на седмото место на табелата со пет поени, колку што имаат и Работнички и Ренова пред нив по некомплетни четири кола.

РЕЗУЛТАТ, ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО

Шкупи – Пелистер 0:0

ТАБЕЛА: 1.Шкупи 10, 2.Силекс 7, 3.Шкендија 7, 4.Македонија ЃП 6, 5.Ренова 5, 6.Работнички 5, 7.Пелистер 5, 8.Борец 4, 9.Струга 4, 10.Вардар 4, 11.Академија Пандев 3, 12.Беласица 0.

Фото: ФК Шкупи

Scroll to Top