Top Sport

Шкупи загуби од косовскиот Балкани во Скопје (ФОТО)

Македонскиот првак Шкупи загуби од косовскиот тим Балкани со 1:2 на арената „Тодор Проески“ во првиот натпревар од плејофот за пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА. Сега тимот на Гоце Седлоски ќе има уште потешка задача на реваншот по седум дена на Косово.

Шкупи имаше повеќе шанси, но реализацијата не беше на потребното ниво, а одбраната потфрли.

Сандеј Адетунџи го доведе Шкупи во водство во 19.минута. Алварез нафрли од левата страна, а Адетунџи со удар со глава го смени правецот на топката и ја погоди мрежата.

Но, Балкани брзо се врати резултатски. Четири минути подоцна, Албион Рахмани реализираше по нафрлената топка од десната страна.

Во вториот дел, Меритон Кореница во 67.минута постигна гол за комплетен пресврт и за триумф на Балкани во Скопје.

Вест Хем го победи Виборг со 3:1, Партизан беше подобар од Хамрун и победи со 4:1, а Вилјареал го совлада Хајдук Сплит со 4:2. Фехервар го изненади Келн на гости и победи со 1:2.

Фото: Игор Паневски

Scroll to Top