Top Sport

Шмит го продолжи договорот со Бенфика

Германскиот тренер Роџер Шмит го продолжи договорот со Бенфика до 30 јуни 2026 година, соопшти денеска фудбалскиот клуб.

56. годишниот тренер ја презеде Бенфика во мај 2022 година, кога потпиша договор до крајот на сезоната 2024 година.

Пред да пристигне во Лисабон, овој поранешен играч од средниот ред, меѓу другите ги водеше ПСВ, Баер Леверкузен и Салцбург.

Бенфика моментално е на врвот во португалската лига со 68 бодови, односно десет бода повеќе од второпласираниот Порто. Шмит со Бенфика избори и пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Во оваа фаза Португалците ќе играат со Интер.

Scroll to Top