Top Sport

Сити го растури Ливерпул

Фудбалерите на Манчестер сити го декласираа Ливерпул со 4:1 (1:1), во дербито на колото во Премиер лигата. Ситиуште еднаш одиграа одличен натпревар, а особено импресивни беа во второто полувреме. Со ист број на одиграни натпревари, по 28, Сити сега има пет бода помалку од лидерот Арсенал. Ливерпул се шести на табелата, но во зависност од резултатите во ова коло можат да паднат на деветтото место.

Манчестер сити му одржа час по фудбал на Ливерпул и покрај тоа што „црвените“ го постигнаа првиот гол на мечот. Салах одлично реагираше и ја реализираше контрата на Ливерпул во 17.минута.

Од тој момент Сити запона да го „гази“ противникот. Јирген Клоп не најде начин како да ја запре осовината Грилиш-Де Брујне-Марез.

Десет минути по голот на Салах, сјајна тимска акција на Сити, која со гол за заврши Хулијан Алварез.

50 секунди игра во вториот дел им беа потребни на домаќините за да го постигнат вториот гол. Погоди Де Брујне. Седум минути подоцна Гундоган ги разреши дилемите околу конечниот победник.

Во 74. минута играчот на натпреварот Грилиш стави точка на мечот.

Scroll to Top