Top Sport

Шок на Паркен, Ериксен колабираше на теренот

Данска и Финска во Копенхаген го играат првиот меч на ЕУРО 2020, во Б-групата. Првиот дел мина во знак на доминацијата на домашната селекција.

Во 43.минута, најдобриот дански играч Кристијан Ериксен (29), колабираше на теренот. Веднаш интервенираа лекарските тимови. Данските фудбалери и нивните фински колеги, како и сите на стадионот во солзи го чекаат епилогот.

На Ериксен се уште му се укажува медицинска помош.

Scroll to Top