Фудбалерите на Кадиз приредија вистинска сензација во Примера, во рамките на шестото коло, среде Мадрид тие го победија бранителот на трофејот Реал со 1:0. Ова е прв триумф на Јадиз против „кралскиотклуб“ и воедно прв пораз на Реал во Ла Лига по 20 натпревари.
Зинедин Зидан го потцени квалитетот на екипата која по 14 години се врати во шпанската елитна дивизија. Тренерот на Реал мечот го започна со комбиниран состав, со што им овозможи на гостите да имаат целосна контрола врз играта.
Кадиз во првиот де неколку пато опасно се заканија, Серхио Рамос во една ситуација од гол-линијата ја исфрли топката и спаси гол, но ниту тој ниту голманот Куртоа не можеа да го спречат Лозано во 16 минута да постигне гол.
Играта на Реал во првиот дел најдобро ја отсликува одлуката на Зидан на полувремето да направи четири измени. Од игра ги извади Иско, Модриќ, Лукас Васкез и Серхио Рамос, но ниту нивните замени Валверде, Едер Милитао, Каземиро и Марко Асенсио не се прославија.
Реал по пет натпревари има 10 поени, колку што имаат Гранада со ист број натпревари и Кадиз кој има одиграно натпревар повеќе.