Top Sport

Шок во Рома, капитенот заминува од клубот

Легендата на Рома Даниеле Де Роси по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Олимпико“. Клубот соопшти дека на Де роси нема да му биде продолжен договорот. Де Роси заедно со Франческо Тоти долги години беше заштитно лице на римската „волчица“.

Даниеле Де Роси пред 18 години го имаше своето деби во дресот на Рома, има одиграно 615 натпревари, на кои забележал 63 гола и 54 асистенции. Со клубот освоил само три трофеи, два во Купот на Италија и еден во италијанскиот Суперкуп.

Во текот на кариерата, во која се профилираше како еден од најдобрите дефанзивни играчи во редот за врска, тој неколку пати ги одбивал понудите од Манчестер Јунајтед.

Најголемиот успех во кариерата го постигнал со националниот тим, во 2006 година со Италија стана светски првак. За Италија одиграл 117 натпревари и постигнал 21 гол.

Scroll to Top