Top Sport

Шоу на Лахоз во дербито на Барселона – 15 жолти картони и две исклучувања

Барселона и Еспањол одиграа 1:1 во градското дерби, во кои сво шоу имаше главниот судија Матеу Лахоз. Со второто реми во сезоната, Барселона поради подобрата гол-разлика се врати на челната позиција на табелата. Барселона и Реал имаат по 38 поени. Еспањол остана на 16.место со само 13 бода.

Барселона не успеа да го победи Еспањол и покрај тоа што имаше предност од седмата минута, со голот на Маркос Алонсо. Играчите на Барселона го контролираа мечот, доминираа во поседот, имаа неколку „мртви шанси“, но не успеаја да постигнат уште еден гол.

Блескаше голманот на Еспањол Фернандез, кој во финишот на мечот, во 30 секунди имаше две волшебни интервенции, најпрвин против Кристенсен, а потоа и против Левандовски.

Еспањол израмни од пенал, во 73. минута. Алонсо направи прекршок врз Хоселу, а овој играч потоа мирно го реализираше пенало.

Посебна приказна е судијата Лахоз, кој покажа 15 жолти картони и го продолжи второто полувреме 11 минути.

Поради два жолти картони, натпреварот пред време го завршија Џорди Алба и Соуза.

Scroll to Top