Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за перење пари во Мајорка, тврди шпанскиот весник „Ора ора“.
Рамадани, кој е роден тетовец, е посебно влијателен на просторите на поранешна Југославија, а е претставник на фудбалери како Лука Јовиќ, Миралем Пјаниќ и Калиду Кулибали.
Шпанската граѓанска гарда, заедно со организацијата на организиран криминал шест часи ја претресувале неговата куќа во Калвија, на островот на Мајорка и тој ќе мора да се појави пред судот во Мадрид следната недела. Според шпанските извори во скандалот е вклучен уште еден агент од источна Европа, инаку сосед на Рамадани на Мајорка.
Wir haben in unserem #Footballleaks-Buch (https://t.co/h9Xmngpan5) ausführlich die dubiosen Geschäfte von Fali #Ramadani beschrieben. Nun hatte er offenbar Besuch von Ermittler. Es geht um Geldwäsche und Steuerbetrug: https://t.co/FrK9aPkSzt
Ramadani berät u.a. Sané und Boateng.— Rafael Buschmann (@Rafanelli) February 23, 2020
Фаљи Рамадани – тетовецот кој „владее“ во српскиот и хрватскиот фудбал