Фудбалскиот сојуз на Шпанија потврди дека Луис Енрике повеќе не е селектор на националниот тим. Одлуката е очекувана откако Шпанците испаднаа во осминафиналето на Светското првенство во Катар.
Шпанија, на Мундијалот, допатува со големи амбиции, но поради лошите изданија доживеа заслужена елиминација. „Црвената фурија“, на СП, забележа само една победа, над Костарика во првиот меч., потоа ремизираше со Германија и загуби од Јапонија. Во осминафиналето, слично како и пред четири годони во Русија им пресуди пенал рулетот.
Отказот на Енрике му го врачиле претседателот Луис Рубиалес и спортскиот директор Хозе Франциско Молина.
Луис Енрике ја презеде Шпанија во 2018 година, по елиминацијата од Мундијалот во Русија. Тој се квалификуваше на два завршни турнири во Лигата на нации и ја предводеше шпанската репрезентација до полуфиналето на последното Европското првенство.
🔴 OFICIAL | La @RFEF agradece a @LUISENRIQUE21 su trabajo al frente de la @SEFutbol
🔗 https://t.co/6Cib6cpJ1l#GraciasLuisEnrique pic.twitter.com/wkAIMu2utd
— RFEF (@rfef) December 8, 2022