Top Sport

Шпанците со успешен тест против Јордан

„Фуријата“ е подготвена за Мундијалот. Репрезентацијата на Луис Енрике го имаше последниот тест пред СП со пријателски меч со Јордан, добивајќи ги со 3:1 со головите на Ансу Фати, Гави и Нико Вилијамс.

Ѕвездата на Барселона, Фати ги донесе Шпанците во водство во 13. минута од мечот, по што овој резултат остана тековен до 56. минута, кога неговиот соиграч Гави зголеми на 2:0. Во 84. минута, Нико Вилијамс, чиј постар брат Ињаки Вилијамс ќе настапува за Гана на СП, ја потврди победата, пред Хамза Али Халед во 93. минута да постигне утешителен гол за Јордан.

Шпанија е во група со Германија, Костарика и Јапонија.

Scroll to Top