Top Sport

Шпанецот го напушта Баерн по 35 минути во Бундеслигата?!

Брајан Сарагоса пристигна на голема, а на мала врата ќе си замине од Баерн Минхен барем привремено.

Шпанецот пристигна од Гранада во зима, иако првичниот договор беше да се пресели на лето, но Баерн доплати за позајмица од јануари до јуни.

Сепак, тој не се вклопи, не го знае германскиот јазик и Томас Тухел целосно го отстрани.

Нештата да бидат уште полоши, Сарагоса нема никаков однос со Тухел, бидејќи досега тренерот никогаш лично не му се јавил дека е изоставен од тимот, туку тоа го направил Кристоф Фројнд.

Најреално решение е тој да замине на позајмица во летниот преоден рок, доколку новиот тренер не инсистира да остане.

На крилните позиции конкуренцијата е силна, па сигурно е дека и Сарагоса ќе бара позајмица.

Сарагоса досега одигра само 35 минути во Бундеслигата.

Scroll to Top