Фудбалскиот сојуз на Шпанија размислува да поднесе кандидатура за организација на Европското првенство во 2028 година или за организација на Светското првенство во 2030 година.
Медиумите во земјата тврдат дека идеата потекнала на состанокот што првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино го имал со шпанскиот премиер Педро Санчес и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рибиалес.
Повикувајќи се на извори од владата на Шпанија, медиумте најавуваат дека кандидатурата за организација на Светското првенство во 2030 година би можела да биде заедничка, со Мароко и Португалија.
Инаку, Билбао, ќе биде еден од градовите во кои ќе се играат натпревари на Евроспкото првенство во 2020 година.
Шпанија била домаќин на Светското првенство во 1982 година, а континентално првенство во оваа земја било одржано во 1964 година.