Top Sport

Хамилтон ги убедуваше фановите: Не сум се откажал!

Ф1 шампионот Луис Хамилтон реши на своите фанови да им прати позитивна енергија откако претходно оваа недела изјави дека блиску „да се откаже од сè“ поради состојбата во светот.

34-годишниот возач на Мерцедес е пред освојување на својата шеста шампионска титула, до која може да дојде веќе во Мексико следната недела, но во вторникот преку Инстаграм прати некои „чудни“ пораки објаснувајќи дека не му е јасно зошто да се грижи кога луѓето се такви.

Сега, повторно преку социјалните мрежи, тој прати поинаква порака.

„Добро утро, свету! Сакав да ви пратам позитивна порака. Се надевам дека неделата ви беше добра и ви посакувам убав викенд. Ги ценам сите позитивни пораки кои ги добив. Не сум се предал, уште сум тука и се борам “, напиша Хамилтон.

Хамилтон подготвен да се „откаже од сè“

Scroll to Top