Top Sport

Шпанските гиганти пред Манчестер јунајтед како највредни клубови на светот

Реал Мадрид не само што е „крал“ на Европа со освојувањето на новата титула од Лигата на шампиони, нивна 14-та во 2022 година, исто така е и највредниот фудбалски клуб на светот според американскиот бизнис-магазин „Форбс“, во новата едиција на нивната топ-листа.

Според „Форбс“, вредноста на Реал Мадрид е фантастични 5.1 милијарди долари, со што „кралевите“ се на првото место пред своите лути шпански ривали, Барселона, кои „тежат“ 5 милијарди долари и покрај финансиските проблеми во кои се наоѓаат последните неколку години.

Иако клубовите од Премиерлигата подолго време земаат астрономски суми од ТВ-правата, Манчестер јунајтед се само трети со проценета вредност од 4.6 милијарди долари, пред нивните лути ривали Ливерпул, со 4.45 милијарди долари. Од англиските клубови, тука се и Манчестер сити на шестото место со 4.25 милијарди долари, како и Челси на осмото место со 3.1 милијарди долари. Баерн Минхен се петти со 4.2 милијарди долари вредност, додека Пари Сен-Жермен, клубот кој ги има највисоките трансфери во историјата на клибот се на седмото место со 3.3 милијарди долари.

Scroll to Top