Top Sport

Шпанските клубови се пеницилин за Манчестер јунајтед

Шпанските тимови, а особено Севилја се кошмар за Манчестер јунајтед. Англискиот великан, синоќа, го заврши својот настап во Лига Европа, со поразот од Севилја 3:0. Во европските купови, Јунајтед во последните шест сезони доживеа елиминации од шпански тимови.

Жозе Мурињо пред шест години на „Олд Трафорд“ го донесе последниот европски трофеј, Лигата на Европа, само три месеци подоцна Манчестер јунајтед загуби од Реал Мадрид во Суперкупот во Скопје и тој меч го означи почетокот на „ѓаволските“ неволји со шпанските тимови.

Јунајтед синоќа беше елиминиран од Севиља во четвртфиналето на Лига Европа.
Интересно, Севиља го елиминираше Јунајтед и во 2018 година во осминафиналето на Лигата на шампионите и во 2020 година во полуфиналето на Лига Европа.

Покрај клубот од Анадалузија, Манчестер јунајтед доживеа елиминација од Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите во 2019 година и од Атлетико Мадрид во осминафиналето минатата година.

Исто така, клубот од „Олд Трафорд“, загуби од Виљареал во финалето на Лига Европа во 2021 година.

Кога станува збор за Севиља, интересно е и тоа што Манчестер јунајтед никогаш не забележал победа против овој клуб. Во претходните пет дуели три пати беше поразен, а два меча завршија без победник.

Scroll to Top