Top Sport

Шпанското упориште на Тотенхем

Во Орихуела, мало градче во областа Аликанте во Шпанија, вечерва сигурно ќе се навива за Тотенхем во дуелот со Реал Мадрид.

Барот „Мурс“ во малото градче е единственото упориште на Тотенхем во Шпанија, открива шпанскиот весник „Марка“. Со повеќе од 100 членови овој бар станува мал „Вајт Харт Лејн“ секогаш кога Тотенхем ги игра своите натпревари.

„Идејата дојде од Мартин Мур, сегашниот претседател на клубот. Тој го купи местото во Кабо Роиг и го преименува во ‘Мурс бар’. Бидејќи има доста британски граѓани тука, мечевите на Тотенхем станаа интересно место, по што побаравме официјално признавање како пења (клуб на навивачи)“, открива Кан Гомез, еден од основачите на навивачкиот клуб.

Кога игра Тотенхем, во барот има 40-50 навивачи, нешто што веднаш предизвика внимание кај соседите.

„Сега почнаа да доаѓаат и шпански навивачи. Но, сите се добредојдени тука, дури и навивачите на Арсенал“, објаснува Кан.

 

Scroll to Top