Top Sport

„Шпигл“: Роналдо во 2009 година го признал силувањето?

Прашина се „крена“ кога Катреин Мајогра го обвини еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, за силување. Овој случај добива нова димензија откако германскиот весник „Шпигл“, наводно поседувале доверливи документи во кој, уште во 2009 година Португалецот, наводно го потврдил тие наводи.

Немилиот настан се случил во 2009 година, во Лас Вегас, набргу по трансферот што Португалецот го направил од Манчестер јунајтед се преселил во Реал Мадрид. Во тој период, Роналдо ја запознал Мајогра и имал секс со неа.

Потоа таа го тужела, поради што полицијата ги испитувала Роналдо и неговиот зет. „Шпигл“ наводно дошле до две верзии од договорот. Првата била од септември 2009 година, во која одговорите на Португалецот ја потврдувале приказната на Американката и втората од декември 2009 истата година, во која бил присутен и неговиот адвокат и во која ги нема деталите од претходната верзија.

„Шпигл“ објави некои делови од разговорот што бил воден со Роналдо, во септември во 2009 година. Роналдо е означен како „X“, а Мајогра како „С“.

Што се случуваше помеѓу вас и „С“?

X: „Ми кажа дека не е исправно да имаме секс, бидејќи прв пат се гледаме. Но ме фати за к….(во верзијата од декември 2009 година одговорот бил „Ме фати за пенисот“)

Опишите детално што се случувало при физичкиот контакт со „С“?

X: Ја е… од страна. Ми беше достапна. Беше легната на страна во креветот и влегов во неа. Беше грубо. Не ја менувавме положбата пет до седум минути. Ми кажа дека не го сака тоа, но ми беше достапна. Цело време беше груби, влегов во неа и беше брзо. Можеби имаше некои модринки кога ја зграпчив. Не сакаше ‘да ми се даде’, туку ме оттурна. Не се сеќаван што ми рече кога ме оттурна, само продолжи да зборува ‘не ми го прави тоа јас не сум како останатите“.
(во декемвриската везсија одговорот бил: „Лежеше на креветот. И пријдов одназад. не ја менувавме позицијата. Траеше пет до седум минути. Не се жалеше, не врескаше, не браше помош или слично).

Дали „С“ во било кој момент го ‘крена својот глас’, викаше или плачеше?

X: Кажа не неколку пати
(во декември „Не“)

Дали „С“ кажа нешто откако заврши сексуалниот чин?

X: „На крајот кажа ‘Сер.о ме присили. Идиот. Не сум како другите’. Јас и реков дека ми е жал“.
(во декември „Не“).

Scroll to Top